Брзо и ефективно Google преведување само со 1 клик

Советот е од Трајче Петров или SkechBoy како што е познат на форумот на It.com.mk, а се работи за код за креирање на нов обележувач(bookmark) на Mozilla Firefox кој потоа само ќе го кликнете и автоматски ќе ви ја преведе на македонски страницата на која се наоѓате.

Ова е кодот – javascript:document.location=’http://translate.google.com/translate?u=’+window.location.href+’&sl=auto&tl=mk’;

Прво одите на View менито на Firefox -> Тoolbars -> осигурајте се дека Bookmarks tab ви е штиклиран.

Потоа кликнете со десен клик на маусот на Bookmark bar-от под местото за адреси и одберете New Bookmark.

Оtкако ќе ви се отвори прозорот New Bookmark, во Name си напишете како да се вика обележувачот по ваш избор. Toa што е важно е во Location да го вметнете кодот (copy-paste) и oбележувачот ќе се најде во Bookmark barot под просторот за адреси.

Потоа едноставно кога ќе ви треба превод на сајт, само кликате на обележувачот и сајтот автоматски се преведува на македонски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии