BrownFolder, сиот софтвер на едно место

На сајтот ќе најдете бесплатен и корисен софтвер од разни категории: анти-вируси, за мултимедија, интернет, корисни алатки, за развој, комуникација….

Единствената мана е што можеби иако е од македонски програмер, сепак сервисот не е локализиран т.е нема македонски, зошто да не и албански, превод на објаснувањето на софтверот со цел „кафеавиот директориум“ да им се најде, пред се, на ИТ аматерите.

Но тоа е мојата забелешка за сервисот, доколку имате некоја идеја како да се подобри сервисот тогаш пишете му на Филип или на форумот или во делот за сугестии на BrownFolder.com.

9 коментари на “BrownFolder, сиот софтвер на едно место

  1. Однапред честитки за трудот. Сепак нешто македонско! Море ова е поубаво од FileHippo! и да пукнат душманите ова е Македонско! :)
    Е доста беше сега малце за сајтчево.

    Иако се работи за доста млад сајт. Имам мали забелешки во дизајнот. Дизајнот, позадината и глобално целиот дизајн е малце шарен. А горниот дел тој сивиот транспарентен некако не ми се допаѓа.

    И како макеоднски сајт најдобро е дифолт јазик да е македонски.
    Тоа е тоа накратко, и успех во работата.
    Поздрав.

  2. Еве и официјално, едно големо фала до уредникот, кој со оваа статија го промовираше BrownFolder на нашата IT публика, а ми даде и одлична инспирација за активно да продолжам работа на ова проектче.

    1. Сигурен сум дека ти имаш направено десетици, море не — стотици, оригинални сајтови.
      Да ти пукне … од тролови.

  3. Браво за трудот, но извини ме за негативната критика која следи. Вакви сајтови постојат многу на англиски од кои еден од подобрите (кој многу често го користам) е http://filehippo.com/ кој покрај free нуди и shareware програми и kатегоризацијата е многу слична со твојата (но побогата). Така да мој предлог е барем да го „локализираш“ сајтот и на македонски и да пробаш да додадеш уште некоја функционалност која малку би го издвоил твојот сајт од другите.

    1. Уживам да си читам негативни критики… и се обидувам да ви ги потрошам најбрзо што можам :).

      Инаку, BrownFolder е испирација од ,како што спомна, сличниот FileHippo, но таа сличност ќе пробам да ја променам со реализирање на сите ваши предлози.

      А локализацијата, функционалностите и поголемиот избор на софтвер, ќе стигнат наскоро. Сепак сајтчево е он-лајн само неколку дена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии