Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Јуниори од Македонија се добитници на бронзен медал на Европската јуниорска олимпијада по информатика. Македонија на ова натпреварување ја преставуваа: Сара Стефановска од Крива Паланка; Атина Рувинова од Охрид; Јан Стојановски од Скопје; Иван Јованоски од Прилеп; и како неофицијален натпреварувач Ева Димитриевска од Куманово. Ментори на тимот беа д-р Миле Јованов и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

На натпреварот учествуваа 92 ученици од 27 европски земји. Во силна конкуренција, освојувач на бронзениот медал за Македонија е ученичката Сара Стефановска од Крива Паланка

Македонија јуниорска олимпијада информатика

Домаќин на Олимпијадата е Грузија, но поради пандемијата настанот се одржи онлајн. Европската јуниорска олимпијада по информатика оваа година се одржи по 31-ви пат. Поради тоа што настанот се одржа онлајн, натпреварувачите од секој национален тим беа надгледувани од страна на нивните лидери. Заради обезбедување на комплетна регуларност на натпреварот, натпреварувачите беа и под постојан видео надзор (видео камера и софтвер за снимање на сите активности на натпреварувачот на компјутерот на кој што работи). Македонскиот тим се натпреваруваше од просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) кој ги овозможи сите услови за квалитетно техничко поврзување со Грузија.

„Учениците од тимот беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој што редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржа по 31- ви пат во видоизменети услови заради актуелната пандемија. За среќа, натпреварите по информатика се одржуваат преку системот mendo.mk кој е онлајн достапен за вежбање во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи“, вели г. Јованов.

3 коментари на “Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика

  1. Браво наши деца, ова е за поздрав и почит.

    Браво и за професорите кои со својата посветеност допринесуваат за успехот.
    Само да имаме вакви млади сили, тоа ни е решение за нашите проблеми во иднина.
    Уште еднаш браво и само така продолжете .
    А државата треба да најде начини сево ова да го поздрави, поддржи и да створи услови да се јават уште многу
    Сари , Атини Јан-овци, Иван-и Еви а и Миле-вци, Емили…

    Мојата почит.
    Д-р. Миле Мирчевски

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии