Бројни бонус додатоци за Mass Effect фановите се привремено бесплатни!

Во пресрет на излегувањето на Mass Effect: Legendary Edition, Bioware направи бројни додатоци да се целосно бесплатни, но само до крајот на месецот мај.

На располагање ја имате целосната музичка подлога за трилогијата, дигитални art books, стрипови, дигитален lithograph. Сево ова е со импресивна тежина од скоро 2GB, а може да се преземе од тука!

Во меѓувреме, Bioware ги стримуваше сите 88 музички подлоги преку YouTube, целото искуство беше надреално и пропратено со неколку суптилни, но впечатливи анимации. Доколку го пропуштивте, проверете го и самите под оваа реченица!

Како за крај, дали знаевте дека сега можете да си направите постер според она кои се вашите омилени ликови од трилогијата. Не се шегуваме, изгледа навистина импресивно, а е достапно на Mass Effect сајтот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии