Бројките покажуваат дека маркетингот на Facebook успева

Во онлајн маркетинг со сомневаат само луѓето кои не пробале онлајн маркетинг. Дали истото може да се каже и за рекламирањето на друштвените мрежи? Статистиката која ја покажува Hubspot, ни открива дека не само што рекламирањето на друштвените мрежи успева, туку сега е попродуктивно од кога и да е.

Околу 42 отсто од испитаниците на анкета на Hubspot велат дека Facebook е критичен за успехот на нивната компанија. Ова е значителен пораст во однос на 2009 година кога друштвената мрежа беше клучна за само 24 проценти од компаниите кои се рекламираат на Facebook.

Дека друштвените мрежи не смеат да бидат превидени во иднина покажува и фактот дека 77 отсто од компаниите кој работат со крајни корисници добиле нови клиенти токму од друштвената мрежа. Иако бројката на нови корисници на компании кои не соработуваат со крајни корисници е помала, сепак 43 проценти корисници не се за занемарување.

Новиот Timeline го зголеми бројот на корисници кој се вклучуваат со коментари, постови или „ми се допаѓа“. Ова е подобро за компаниите бидејќи Facebook алгоритмите повисоко ги поставуваат постовите од  пријателите. Иако новиот корисниците го „сакаат “ Timeline сепак кога се однесува до поставување на содржини корисниците повеќе сакаат „рачно“ поставување на содржини, наспроти автоматските постови кој ќе го намалат учеството на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии