Broаdcom ќе плати 18,9 милијарди долари за CA Technologies

Дејан Соколоски

во Вести

Производителот на електроника, Broadcom во зделка вредна 19 милијарди долари го купува производителот на софтвер CA Technologies. Договорот претставува мало изненадување со оглед на тоа дека е прва софтверска компанија која Broadcom ја купува.

„Оваа трансакција претставува важен дел, додека создаваме една од водечките компании за инфраструктурни технологии во светот “, објаснува извршниот директор на Broadcom и претседателот Хок Тан. „Со својата огромна база на клиенти, CA Technologies е со единствена положба низ растечкиот и фрагментиран пазар на инфраструктурен софтвер. Нивниот мејнфрејм и компаниски софтверски решенија ќе го прошират нашето портфолио. Имаме намера да продолжиме да ги зајакнуваме овие франшизи за да одговориме на зголемената побарувачка за инфраструктурни софтверски решенија. “

CA развива алатки за менаџирање на системи, анти-вируси, безбедност, ID менаџирање, мониторирање на перформанси на апликации, девопс и автоматизација и слично. CA се толку различни од Broadcom што целата зделка е чудна, пишува Register. Сепак со купувањето на голема и етаблирана компанија Broadcom ќе добие значително присуство на и портфолио на услуги на еден пазар на кој досега не беа присутни.

Неодамна Broadcom се обиде да го купи и Qualcomm за 117 милијарди долари. Оваа зделка беше блокирана од администрацијата на претседателот Трамп, бидејќи беше оценета како опасност за стратешките интереси на САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии