Британци направија сопствен широкопојасен интернет провајдер

Кристин Кондер за себе вели дека е само жена на фармер, но за жителите на Ланкашир во Велика Британија таа е многу повеќе. Околу 2.300 жители во руралниот дел на британската област Ланкашир имаат пристап до интернет токму поради нејзините напори.

Во 2009 година г-ѓа Кондер креираше „направи сам“ решение. Сега ова решение е B4RN, интернет провајдер кој гарантира брзина од 1 Gb/s. Компанијата досега има поставено 3.200 километри кабли и има поврзано неколку населени места. Каблите се оптички до приклучокот. За разлика од ова BT (British Telecom) носи оптички кабли единствено до сандачето.

Сѐ започна откако дрвата околу нејзинот имот премногу пораснаа и почнаа да пречат во безжичната врска која ја имаше со антената поставена од Универзитеот Ланкашир. Таа купи 1 километар оптички кабел и со тракторот ископа ров и се поврза со соседната фарма. 

„Самите го ископавме ровот и го поставивме кабелот, со ова докажавме дека и обичните луѓе можат да го направат ова самите. Не е баш нуклеарна физика. Единствено три дена напорна работа.“, вели г-ѓа Кондер за BBC.

Цената за претплатата е 30 фунти месечно, а за приклучок се плаќа 150 фунти. Ова можеби изледа поскапо, но брзината која ја нуди B4RN е 35 пати побрза од просекот во Британија.

B4RN започна како збир на волонтери, а за дел од работата волонтерите сè уште се клучни, но сега имаат и 15 вработени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии