Британскa тајна единица ги напаѓала Anonymous, откриваат документи од Сноуден

Нови доверливи документи објавени од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, откриваат дека тајна британска единица користела сајбер напади против хактивистите Anonymous и контроверзната хакерска група LulzSec. Oфицијалниот став на британската агенција Government Communications Headquarters (GCHQ) е дека сите активности биле одобрени бидејќи целта им биле криминалци.

Во извештајот објавен од NBC News и Глен Гринвалд, еден од неколкуте новинари кои имаат целосен пристап до сите доверливи документи за програмата за прислушување на Интернетот доставени од г. Сноуден, се вели дека тајната единица – позната како Joint Threat Research Intelligence Group (JRIG) – користела DDoS напади, исти напади кои ги користат и Anonymous да срушат сајтови, за да изгаси чет соба која ја користеле хактивистите. Според ова, британските власти се првата западна власт која користи DDoS напади. Целта на нападите, претставени во Powerpoint презентација на SIGDEV, NSA конференција во 2012-та година, било да се заплашат 80% од членовите на Anonymous кои ги посетувале чат собите.

Покрај напади за да ги задушат собирите на хакерските групи, JRIG таргетирала и индивидуални хакери. Со помош на оваа тајна единица биле уапсени двајца хакери кои украле податоци од PayPal, односно напаѓале владини сајтови. Во презентацијата на JRIG се вели дека постои „Effects Operations” со која се таргетирале високо-рангирани членови на Anonymous и LulzSec, односно хакерите со псевдоним G-zero, Topiary и p0ke. Од украдените чет-логови се дознава дека хактивистите тргувале со податоци на сајтови кои имаат над 10.000+ уникатни посетители, вклучувајќи и порно сајтови, преку кои се заразувале компјутерите со малициозен софтвер и подоцна се користеле за DDoS напади. Во еден чет се вели дека p0ke, студент од Скандинавија, имал лични податоци на „700 FBI tards“, но иако комуницирал со агент на JRIG и бил идентификуван, тој никогаш не бил уапсен. p0ke за NBC изјави дека веќе не се бави со хакирање бидејќи „немам потреба да си го зголемам е-пенисот“. G-zero и Тopiary беа осудени на две години затвор, односно Topiary е ставен во домашен притвор бидејќи е малолетен.

Британската GCHQ вели дека сите напади и активности биле легални бидејќи се користели методи потребни да се откријат онлајн криминалци, сепак критичарите велат дека властите напаѓале малолетни тинејџери кои се активни и како хактивисти, односно се дел од Anonymous. Со гасење на чет собите, властите го злоупотребиле правото на слободен говор на луѓе кои не се инволвирани во криминал.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии