Британските провајдери ќе ги шпиунираат пиратите?

http://www.computermechanix.com/blog/uploaded_images/Filesharing-792787.jpgИзвештајот „Дигитална Британија“ е план за поставување на дигиталните стандарди во земјата. Тoа што е важно е што вакви извештаи и планови се разработуваат во сите развиени земји во светот, како и во ЕУ. А во сите тие планови пиратеријата е поставена како проблем и се разгледуваат начини/технологии како да се спречи.

Вчера видовме промена во работењето на Мininova. Pirate Bay изгуби на суд, и е блокиран во одредени земји. ЕУ одобри телеком реформи во кои се одобрува гасење од интернет на пиратите, но само со судска одлука. Тоа што е важно за исклучувањата од интернет е што некои земји, пример, Франција, Британија… сакаа да исклучуваат само по 3 опомени без суд. Ова покажува дека владите се сериозни во борбата против пиратеријата. Така, нема да биде изненадување ако и останати земји т.е провајдер го имплементираат CView или некоја слична технологија.

Се зависи од тестирањето на Virgin кои ќе го испробаат CView на 40 отсто од своите корисници. Detica вели дека CView не собира лични податоци за корисниците, туку собира информации за споделувањето. Но… што откако ќе ги собере?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии