Британските банки ќе наплаќаат фотографирани чекови преку мобилен телефон

Британските банки наскоро ќе прифаќаат и фотографии од чекови кои ќе бидат пратени преку паметен телефон, за да се забрза плаќањето од шест на два дена, вели тамошното Министерство за финансии. Корисниците ќе можат фотографиите да да ги испратат електронски или пак со нив да ги посетат банките за да ги подигнат парите. Фотографиите од чекови ќе бидат складирани на безбедно место, и нема да се чуваат на телефоните во случај тој да биде украден. Слична технологија има во САД уште пред девет години, пишува BBC.

„Движејќи се кон виртуелниот свет ние всушност ќе креираме побезбедно корисничко искуство отколку што до сега го нудеше хартијата“, вели директорот на Barclays, Ентрони Џенкинс.

Британското министерство вели дека овој цел процес за кој се разгледуваат законските рамки е наменет само да го олесни процесот, но не и комплетно да ги замени хартиените чекови. Во Британија банките имаат законско право да бараат да го видат физичкиот чек пред да го одобрат. Покрај кредитните картички, чековите во Британија сè уште се добар сервис за трансакција на 840 милијарди фунти, или 10 отсто од сите плаќања направени од индивидуалци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии