Британските авторски права влегоа во дигиталната ера

Британската влада најави дека ќе ги реформира законите за авторски права кои сè уште се водат по систем стар 300 години. Според британската влада, државната каса би можела да профитира од овие измени, поточно да се дополни со 8 милијарди фунти. Се разбира овие реформи би биле од голем бенефит и за креаторите и за корисниците. Дел од најавените измени се:

  • Овозможување на сопствениците да ги преснимуваат своите ЦД-а на компјутер, Ајпод, или да ги закачуваат на онлајн сервиси кои овозможуваат стриминг;
  • Воспоставување на процедури за полесно лиценцирање и користење на дела чии авторски права не се лесно утврдливи. Ова ќе овозможи многу дела кои се заклучени во музеи и библиотеки, да станат достапни за јавноста;
  • Правење пародии на веќе постоечки дела исто така ќе бидат овозможени, без претходно да се бара дозвола од сопствениците на авторските права;
  • Овозможување на научници да користат одредени податоци без претходно да бараат дозвола од сопствениците на авторските права. Целта на овој закон е да се даде простор за што поголема иновативност.

Една од причините за најавените реформи е извештајот на професорот Иан Харгрејвс, Digital Opportunity: A review of intellectual property and growth, кој вклучува дел од најавените измени на застарените закони.

Со промената на законот, Британија ќе се приклучи на останатите земји во Европа кои дозволуваат да се копираат дела на ЦД-а и ДВД-ја за лична употреба. Од другите земји само Малта и Ирска сè уште ги третираат копирањата како нелегални.

Кога сме кај авторски права, познатиот бенд Blink182 после 8 години конечно имаат нов сингл, и за да го прослават, ги наградуваат сите свои фанови кои ја имаат искористено нивната музика без дозвола. Дечките од Blink 182 направија спот со YouTube видеа кои нелегално ја содржат нивната музика. Покрај спотот, Blink 182 имаат и мала церемонија за најинтересните видеа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии