Британскиот суд повторно пресуди Асанж да биде екстрадиран во Шведска

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж ја изгуби поплаката за екстрадикција од Британија во Шведска каде е осомничен за силување и сексуален напад.

Адвокатите на г. Асанж најавија дека ќе поднесат уште една поплака против одлуката, односно ќе апелираат до британскиот Врховен суд. Но, пред да поднесат поплака, адвокатите ќе мора да добијат дозвола за тоа од Високиот суд само доколку судот смета дека ова е важно за британскиот јавен интерес, пишува BBC.

Шведската полиција во август 2010 година започна истрага врз осомничувања против Џулијан Асанж за силување на две шведски државјанки додека тој бил во земјата. Овие тужби се појавија откако контроверзниот Wikileaks објави стотина илјади американски доверливи димпломатски документи.

Г. Асанж, 40, во декември 2010 година се предаде на британската полиција откако против него беше пуштен Европски налог за апсење кој се издава само за криминално гонење кој важи во сите членки на ЕУ. Во декември британскиот суд одлучи основачот на Wikileaks да биде во домашен притвор и да се пријавува два пати дневно во локалната полиција од страв да не избега од земјата додека да се случи сослушувањето против екстрадикцијата кое беше закажано во февруари 2012-та. Г. Асанж ги изгуби и двете поплаки против екстрадикцијата, и најверојатно ќе биде префрлен во Шведска. Тој сè уште не е обвинет за криминално дело, во Шведска го бараат за сослушување.

Основачот на Wikileaks ги одби сите обвинувања и вели дека целото судско гонење е со цел да му го „уништат кредибилитетот“.

Пред неколку недели Wikileaks престана да објавува документи поради финансиска блокада, откако неколку финансиски институции одбија да обезбедат услуга за сајтот да добива донации преку нив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии