Британскиот парламент одзеде интерни документи на Facebook

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.ЕУ

Марк Закерберг одби да говори пред британскиот парламент, но британската јавност можеби сепак ќе добие одговори. Британскиот парламент ја искористи моќта да заплени интерни документи од најголемата друштвена мрежа.

Документите содржат податоци за одлуките и однесувањето на Facebook поврзано со скандалот со Cambridge Analytica. Одземените документи содржат доверливи имејл пораки помеѓу директорите и кореспонденции со г. Закерберг, вели Guardian.

Парламентот искористи правен механизам против основачот на Six4Three од кого ги одзема документите додека беше на пат во Лондон. По неколку часовно „натегање“ и закана од затворска казна, основачот на компанијата му ги предаде документите на претставникот на парламентот.

Одземањето на документите е од очај. Британскиот парламент бараше основачот на друштвената мрежа или негов претставник да се обрати на парламентот. Откако неколку пати беа одбиени се одлучија на ова.

Six4Three всушност е адвокатска канцеларија која е во спор против Facebook. Интересно е што судот во Калифорнија забрани користење на овие документи, но ако Британскиот парламент ги отвори на седница, ова секако нема да има никаква улога.

„Го следиме судскиот спор во САД, и веруваме дека овие документи содржат некои од прашањата на кои бараме одговори за користењето на надворешни соработници“, вели Дамјан Колинс, претседател на Комисијата за култура, медиуми и спорт.