Британски сајт ги откри деталите за Google Nexus 4

Google во понеделник ќе го претстави новиот паметен телефон Nexus 4. Ова го знаеме веќе од бројните шпекулации, но и од британската продавница Carphone која oбјави детали за уредот на својот сајт, кои ги тргне подоцна.

Од тоа што беше објавено може да се открие дека Nexus 4 е изработен од LG, има 4,7 инчен екран со 1280×768 резолуција и Corning Gorilla Glass 2, 1.5 GHz процесор со четири јадра, 2 GB RAM, 8GB простор и ќе биде само 9,1 милиметар тенок. Ќе работи на Androdi 4.2. Една од новините што се излистани е камера со можност да снима 360-степени и Gesture Typing, односно куцање со движење на прстите. Најверојатно камерата ќе биде 8 мегапиксели. Ќе чини околу 600 долари.

Според TechCrunch, на настанот во понеделник Google ќе ја претстави и новата верзија на Nexus 7 таблет компјутерот, кој беше добро прифатен од корисниците пред се поради ефтината цена од 200 долари. Новите модели ќе бидат со 16 и 32 GB простор, и ќе бидат конкуренција на iPad Mini.

Дополнително се очекува да биде претставен и Nexus 10 таблет компјутерот кој е изработен од Samsung. Во моментот нема многу детали за 10-инчниот уред.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии