Британски хакери украле 250 000 евра од компанија од Радовиш

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Во измама која траела со месеци група од четворица хакери од Велика Британија успеала да ја пробие комуникацијата помеѓу компанија од Радовиш и компанија од Лондон. Напаѓачите направиле промена на сметката на која компанијата требала да ги изврши плаќањата и ѝ испратиле четири лажни фактури. Од август до декември минатата година хакерите успеале да ѝ украдат на компанијата 250 000 евра.

Британските власти ги лоцирале напаѓачите и сега на ред е отворање на постапка за компјутерската измама. Постапката мора да биде отворена во државата каде е лоцирана оштетената компанија, што во случајот е Македонија. Потоа на осомничените може да им се суди во отсуство или да се испрати случајот на властите во Велика Британија.

„Осомничените во повеке наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прекривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата.

Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија. Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15 006 000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш“, пишува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Ако бидат осудени, напаѓачите покрај казната ќе ја обештетат македонската компанија.

1 коментар на “Британски хакери украле 250 000 евра од компанија од Радовиш

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии