Британската полиција се рекламира на пиратски сајтови

Лондонската полиција ќе се обиде да предупреди сите кои се рекламираат на пиратски сајтови. Ова е нов обид на властите во Британија да се справата со пиратите откако забраната на торент сајтовите не вроди со плод. Оделот за интелектуална сопственост, PIPCU, во соработка со Project Sunblock, ќе пласира полициско предупредување на местото за реклами на торент сајтовите, со што ќе им го напали приходот од реклами, но и ќе ги предупреди корисниците и огласувачите дека сајтот е нелегален.

„Сајтовите кои ги повредуваат авторските права заработуваат огромни суми од реклами, затоа попречувањето на рекламирањето е од клучно значење за Операцијата Creative“, вели портпаролот на Лондонската полиција за BBC.

Блокади за Pirate Bay

Истовремено еден од најпопуларните торент сајтови кој веќе е забранет во Британија, The Pirate Bay, се соочува со слична забрана и во Австрија. Врховен суд и Европскиот суд за правда им наредија на провајдерите во Австрија за најмногу три дена да го забранат сајтот. Заедно со Pirate Bay цел на иста ваква забрана е и Movies4K сајт кој овозможува стрим на филмови.

Асоцијацијата на провајдери во Австрија се жали пред се на кусиот период кој им е оставен за преземање на овие мерки, но немаат забелешки за забраната на Movie4K и Kinox. Кога пак станува збор за Pirate Bay не заборавија да потенцираат дека на торент сајтот има и дел легално споделени содржини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии