Британска пекара изгуби пари поради преголем интерес за попуст на Groupon

Британската Need a Cake пекарница беше под опсада откако понуди 75 отсто попуст на своите колачи на Groupon. Mалата пекара со 8 вработени морала да вработи уште луѓе и да обезбеди уште ресурси за да ја исполни побарувачката. Пекарата изгуби 12.500 фунти, што би е всушност профит за една година.

„Тоа беше најлошата бизнис одлука што ја имам донесено“, вели сопственичката Рејчел Браун.

Need a Cakе понудиле зделка на Groupon од 12 колачиња со избор на вкус и дизајн за 6,50 британски фунти, иако нормалната цена е 26 фунти. Бидејќи немало одредено лимит на нарачки, зделката привлекла 8.500 нарачки што е многу повеќе од просечните 100 нарачки за месец што ги има пекарата.

„Имавме илјадници понуди доаѓајќи од сите страни за кои што не очекувавме да ги имаме. И поголема компанија од нас ќе имаше проблем со нарачкиве.“, вели г-ѓа. Браун.

Приказнава е интересна бидејќи уште еднаш покажува дека групните попусти преку веб донесуваат до масовна пoбарувачка. Ваква масовна побарувачка може да се види и во Македонија, односно кај македонските сервиси за групно купување како Grouper.mk, Kolektiva, Грабни попуст и слични такви, каде доколку понудата е евтина и со голем попуст тогаш ќе привлече и голем број на нарачки.

3 коментари на “Британска пекара изгуби пари поради преголем интерес за попуст на Groupon

  1. Доколку тоа се случеше во Македонија нема порблем ќе се чекаше и година дена.
    Приказната е интересна од друга страна . Пекарата го почитувала тоа што го ветила иако е во загуба.
    Доколку тоа се случеше во Македонија ме интерсира како ќе се одвиваше приказната.

  2. „Приказнава е интересна бидејќи уште еднаш покажува дека групните попусти преку веб донесуваат до масовна ПРЕБАРУВАЧКА.“ :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии