Британија забрани L'Oréal реклама со Џулија Робертс заради дигитално подобрените слики

Зарем има реклама или постер денес кој не се средува со Photoshop? Според Британија, има граница во дигиталното манипулирање на фотографиите. Посебно има граница кога се работи за реклами во козметичката индустрија каде лицето на постер е толку перфектно измазнето што ја искривува реалноста, перцепцијата и очекувањата што ги добиваат клиентите за продуктите. Или со други зборови, дигиталното манипулирање е лажен маркетинг.

Во забранетите реклами, L’Oréal ги користи лицата на Џулија Робертс и Кристи Тарлингтон да промовираат продукти за разубавување. Првата реклама со Џулија Робертс е за течна пудра со име Teint Miracle која, според козметичката компанија, креира „природна светлина што доаѓа од најубавата кожа“. Втората реклама со Кристи Тарлингтон е за Maybeline течна пудра со име The Erаser која ветува дека ќе ги скрие трагите од стареењето.

Независно од реалниот продукт, овие реклами, како и многу други кои се дигитално изманипулирани, ги има насекаде, но според британските власти овие претерано-измазнети реклами се лажен маркетинг кој мора да прекине.

„На тоа што го видовме не може да заклучиме дека сликите од рекламите точно го прикажуваат ефектот на продуктот“, вели Џо Свинсон од Агенцијата за рекламни стандарди. „Слики од беспрекорна кожа и супер-витки тела се насекаде околу нас, но тие не ја покажуваат реалноста. Претерано користење на дигитални четки и други дигитални техники станаа норма, но двете, и Крсти Турлингтон и Џулија Робертс се природно убави жени на кои не им треба средување да изгледаат убаво. Оваа забрана праќа моќна порака до рекламните агенции – да се вратиме назад во реалноста.“

Интересно, L’Oréal одбил да ги предаде оригиналните фотографии од фото сесијата бидејќи имале договор со познатата холивудска ѕвезда.

(via Guardian)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии