Британија конечно му оддаде признание на Алан Тјуринг

Оваа недела Британија конечно и официјално му оддаде признание на Алан Тјуринг и неговиот лик ќе биде поставен на банкнотата од 50 фунти. Г. Тјуринг често се препознава како еден од основоположниците на модерната информатичка наука.

Банкнотата од 50 фунти со неговиот лик ќе биде пуштена во оптек 2021 година, и според најавата, освен негова фотографија на банкнотата ќе има и дел од неговата работа вклучувајќи ја и машината која ја развил во Втората светска војна со која се дешифрираат пораките кои Германците ги испраќале со „Енигма“-машината. На банкнотата ќе има и цитат од г. Тјуринг: „Ова е само најава на она што доаѓа, и бледа сенка на она што ќе биде“. Банкнотата ќе биде изработена од  полимер и ќе го означи финализирањето на „префрлањето“ на фунтата од хартија на полимер.

„Алан Тјуринг беше одличен математичар чија работа има огромно влијание врз тоа како живееме денес. Тој е татко на компјутерски науки и вештачка интелигенција, но и воен херој. Придонесите на Алан Тјуринг се далекусежни и го пробиваат патот. Тјуринг е џин на чиишто рамена денес стојат многу иновации“, вели гувернерот на Банката на Британија Марк Карни.

Работата на г. Тјуринг е од исклучително значење. Без сомневање е најпознат по неговата работа во дешифрирањето на германските пораки кои се испраќани до морнарицата. Со откривањето на кодот на Енигма машината значително е забрзан крајот на Втората светска војна. Г. Тјуринг има и исклучително влијание во развојот на првите компјутери, но неговите придонеси одат и подалеку од природните науки. Г. Тјуринг не го добил признанието кое требало да му следува. Наместо ова тој е прогонуван поради неговата хомосексуалност. Во 1952 година е осуден на хемиска кастрација,. Две години подоцна во 1954 пронајден е отруен со цијанид. Како причина за смрт е наведено самоубиство.  Неговото помилување стигна многу по смртта, во 2013 година доби кралско помилување.

Кој е Алан Тјуринг?

Алан Тјуринг е роден 1912 година во западен Лондон. Поради честите патување на неговите родители тој и неговиот брат живееле во семејство на пензиониран армиски Генерал. Неговата брилијантност е препознаена многу рано во неговото детство.

На шест годишна возраст, неговите родители го запишале во основното училиште Св.Мајкл. Тука учителите веднаш го препознале неговиот талент за математика. Во 1926 година, на возраст од 14 години, се запишал во средното училиште Шеброн. Неговиот прв гимназиски училишен ден бил во исто време со генерален штрајк, но ова не го спречило да присуствува на наставата. Со велосипед извозел 60 милји (96 километри) од Саутемптон до училиштето каде што започнувала наставата. Уште во гимназиските денови г. Тјуринг бил уверен дека сите феномени, вклучувајќи ја и работата на човечкиот мозок, мора да се материјалистички.

Своето образование го продолжил во Кралскиот колеџ во Кембриџ, таму завршил со највисоки почести на поле на математика. Следните неколку години продолжил со образование, а во 1938 година завршил и докторска дисертација.

Секако г. Тјуринг е најпознат како лидер на тимот кој работеше на откривање на германските шифри. „Потребен беше исклучителен талент, потребна беше генијалност и Тјуринг беше овој генијалец“, вели Аса Бригс, колега на г. Тјуринг. Со работата на тимот предводен од г. Тјуринг  сојузниците можеле да прочитаат голем дел од комуникацијата на непријателот, и со ова значително е забрзан крајот на војната. Самиот Тјуринг со неколку техники за оптимизација значително придонесува во напредокот на криптографијата.

Г. Тјуринг бил и ексцентрик и има куп интересни случки кои ги раскажуваат неговите современици. Имал алергии на полен, но дури ни ова не го спречувало да доаѓа на работа, во периодот кога цвеќињата цветале, ставал гас маска и доаѓал на работа. Шолјата од која пиел постојано била врзана за парното, за некој да не ја украде.

За жал, ќе остане и запомнет како еден од научниците над кој е направена најголемата неправда. Во 1952 година на 39 години започнал врска со Арнолд Мареј, невработен 19 годишник. На негова несреќа, Мареј провалил во неговиот дом, а кога полицијата дошла на повик и дознала за неговата хомосексуалност го обвинила за непристојно однесување. Во овој период хомосексуалноста во Британија е кривично дело. Со спогодба морал да користи третман за хемиска кастрација. Примал инјекции диетилстибесрол со кои се намалува либидото. Но, како дел од казната му бил одземен сертификатот за работа со државна тајна и морал да престане да работи како владин консултант за криптографија.

Ова конечно придонело г. Тјуринг на 41 година да си го одземе животот со цијанид. Официјална потврда за намерата да го испие цијанидот нема ни денес, а постои верување дека пиењето на цијанид било ненамерно.

До 2009 година г. Тјуринг остана осуден. Во август 2009 година британскиот програмер Џон Грахам-Канинг започна петиција со која бараше извинување од Британските власти за осудата и гонењето на г. Тјуринг поради хомосексуалност. Набрзо тогашниот премиер Гордон Браун ја прифати вината. На 24 декември 2013 кралицата Елизабета II го потпиша помилувањето на г. Тјуринг.

Неколку години по ова, во септември 2016 година британската влада донесе закон со кој ги ослободи сите луѓе кои биле гонети поради својата сексуална определба. Законот беше познат како Закон на Алан Тјурнинг. Со ова, 62 години по својата смрт, г. Алан Тјурнинг придонесе не само на полето на математика, информатика и криптографија, туку и за основните човекови права.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии