Британија ќе ги блокира сите порно сајтови

Сите порно сајтови по зададено ќе бидат блокирани од британските интернет провајдери за да се заштитат децата од лошото „корозивно“ влијание. Доколку некој сака пристап до порнографски сајтови, ќе треба да си нарача од провајдерите. Ова на кратко е агресивниот план на британскиот премиер Дејвид Камерон за борба против насилната и детска порнографија.

Daily Mail пишува дека според тој нов план, поседувањето на видеа и слики со екстремно порно, пример симулации на силување или насилно порно, ќе биде криминално дело. Овој план треба да стапи на сила до крајот на годината, односно во 2014-та година секој нов корисник кој ќе купи интернет пакет ќе ги има филтрите за содржина. Постарите претплатници ќе бидат контактирани од провајдерите да донесат одлука за пристап до порнографијата.

Г. Камерон во својот говор јавно ги предупреди интернет гигантите да преземат нешто околу порнографијата, или британските власти ќе бидат приморани да ги притиснат со нови легислативи.

„Јас имам јасна порака до Google, Bing, Yahoo и останатите. Вие имате должност да дејствувате според вашата морална одговорност. Ако има технички пречки при реагирањето кај интернет пребарувачите, тогаш не стојте и не велите дека ништо не може да се направи; искористете ги вашите големи мозоци за да ги надминете тие пречки.“, вели г. Камерон.

3 коментари на “Британија ќе ги блокира сите порно сајтови

  1. Во каков свет живееме кога порнографијата е забранувана и прогнувана како „морално неоправдана“, а во исто време насилството, како реалното така и замисленото, е слободно, дури и за малолетни деца….

    На youtube не можеш да најдеш разголени гради, ама колење на човек во живо има еден тон….

    Подобро е да се води љубов (па макар и порнографски стил) него војна …

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии