Британија е првата држава во која Amazon ги тестира своите дронови

Велика Британија, а не САД, е државата во која Amazon одбра да тестира достава со беспилотни летала. Компанијата има договор со Британската управа за воздушна пловидба која им овозможува веднаш да започнат со тестовите. „Британија е лидер кога се во прашање инвоациите на дронови. Инвестираме во Primer Air истражувањата тука веќе подолг период. Оваа објава ќе го зацврсне нашето партнерство со Британија, и ќе ни овозможи да се приближиме да нашата цел, да ги испорачаме пратките за 30 минути за корисниците во Британија“, вели Пол Мисенер од Amazon.

Тестовите треба да покажат дали доставата со дронови е практична, но поважно компанијата ќе биде во можност да ја тестира „sense and avoid“ технологијата, која ќе овозможи леталата да избегнуваат пречки во воздух, вели Sky News. Ограничување до кое ќе мора да се придржува Amazon е дека во текот на тестовите секое летало ќе мора да има пилот оператор кој ја надгледува неговата работа.

Договорот подразбира и дека тежината на пакетите не смее да биде поголема од 2,25 килограми, но ова не е проблем бидејќи дури 90 отсто од пратиките на Amazon се со оваа тежина. Висината до која можат да летаат дроновите е 120 метри. Двете ограничување соодветствуваат со можностите на леталото кое ќе биде тестирано. Дополнително, дроновите нема да смеат да летаат над зона за забранет лет, определена од Агенцијата за цивилна пловидба.

prime-air_04

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии