BrezzoMeter е апликација која ќе ви помогне да го истражите квалитетот на воздух

Image courtesy of Breezometer / YouTube

BreezoMeter е апликација која ви помага да дознаете каков е квалитетот на воздухот надвор, дури и кога во близина нема мерна станица. Креаторите на апликацијата велат дека истата е поддржана во 67 држави помеѓу кои е и Македонија.

Апликацијата најпрво ги прибира релевантните податоци за загадувањето од блиските мерни станици. Потоа, преку алгоритми го пресметува загадувањето на локацијата на која се наоѓа корисникот. Клучнa за апликацијата е „big-data“ технологијата со која се проценува квалитетот на воздух и на локациите каде нема мерни станици.

Апликацијата вака овозможува брза и едноставна проверка на квалитетот на воздух во реално време. Дополнително, нуди и совети кога загадувањето е превисоко, односно квалитетот на воздух е низок.

Во периодот на празници кој следи, апликацијата ќе ви помогне да одлучите дали е време за прошетка или за седење дома.

BreezoMeter е достапна за Android на GooglePlay и на iOS од App Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии