Брендовите плаќаат луѓе да пишуваат прифатливи статии на Wikipedia

Најголемата дигитална енциклопедија Wikipedia, најголем дел од статиите им ги должи на волонтери кои редовно ги сервисираат и надополнуваат податоците. Волонтерите треба да бидат неутрални, да бидат непристрасни, иако според текстот на Atlantic ова не е случај со сите статии. Фриленс писатели и агенти за односи со јавност уредуваат дел од Wikipedia страните за да бидат поприфатливи за јавноста, а за ова добиваат значителен паричен надоместок.

Мајк Вуд е еден од авторите на енциклопедијата кој за секоја статија зема помеѓу 400 и 1.000 долари. Најголем дел од неговите клиенти се големи компании и јавни личности вели во интервју за Atlantic. „Може да пуштите Fox или CNN и да погледате реклами за компании чии Wikipedia страни сум креирал. Сум соработувал и со една од петте најголеми банки во светот и членови на администрација на претседатели“.

Компаниите и јавните личности плаќаат за талентот на овие автори да ги избегнат проблемите кои ќе ја одбележат нивната Wikipedia страна како пристрасна, притоа претставувајќи ги во подобро светло без премногу да ја извртуваат вистината. Иако статиите најчесто се историјат на компаниите или брендовите, сепак некои статии имаат делови во кои се пишуваат критики или се цитираат извори за контроверзни вести кои му штетат на брендот. Влијанието на Wikipedia е доволно големо за да ја користиме како релевантен извор на информации, и често може да биде пресудна за купувачите. Со најмување на вешти автори, брендовите го решаваат овој проблем, претставувајќи се во добро светло пред корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии