Брендовите може да комуницираат со Facebook фановите директно од својот сајт

Facebook ја надгради својата чет апликација преку плагин, кој сега овозможува поедноставно поврзување на корисниците и Facebook страните. Плагинот овозможува додавање на „Message Box“ на сајтот на компанијата, со можност за додавање и на податоци за настани. Плагинот, кој служи како додаток за Messenger Business, им овозможува на корисниците да испраќаат пораки без притоа да го напуштат сајтот на брендот или компанијата со која сакаат да комуницираат.

„Доколку сте сопственик на локална продавница, корисниците ќе можат да започнат дијалог за нарачка на Facebook страницата преку табот – пораки“, објаснуваат инженерите на Facebook. Надградбата ќе овозможи и креирање на „настани“ и нивно менаџирање директно од сaјтот. Корисниците пак ќе можат да ги разгледаат и да добијат информации од директно на страницата.

За активирање на плагинот повеќе информации има на Social Plugins.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии