Брендирани компјутери vs склопување компоненти

Првична разлика меѓу брендираните и составените компјутери за секој корисник е цената. Според некои корисници брендот вреди секој денар.

„Се согласувам со daniel111 дека секое евро дадено за бренд ПЦ се исплати. Јас само би додал дека секој цент се исплати. Од моето лично искуство за овие 12~13 години досега само 3 пати сум имал проблем со расипано напојување, од кои две беа цркнати заради струен удар, а на третото беше забетониран кулерот и комплетно целиот отвор за вентилација. На сите останати компјутери, кинески конзерви или лименки, меѓу нив го сметам и мојот домашен ПЦ, во просек секој месец има по едно цркнато напојување, што од оние најефтините JNC, Deluxe, па се до оние посагламните…“ вели SaleSk

Но за Ѓоре составувањето компоненти е нешто повеќе од цената. Тоа е она што го активира „хакерското“ кај ИТ ентузијастите.

„Главното кај овие склопки е тоа што го активираат она „хакерското” во секој ИТ ентузијаст. Машината сам си ја склопуваш, сам си ги одбрал деловите, возбуден си стотка :) си идеш дома со 20 кутии, седнуваш спремен со штрафцигери, и почнуваш да отпакуваш дел по дел. Седиш со саати, тотално смирен, со 20 кориснички упатства до тебе, и уживаш. Па после следува BIOS-подесување, па обавезно се мава формат на хард дискот без „quick” наставката, за „убаво да се форматирал”, и со ќеф се инсталира оперативен систем по избор. После тоа еден месец минимум се испробува колку FPS ќе извади машинава на сите можни игри од последниве 10 години, се испробуваат сите можни тестови од типот на 3D марк, и одма резултатите на форум “А? машинава а?”.“

Што мислите вие? Дали би сакале компатибилен и брендиран компјутер, или сакате ваше дело кое ќе одговара на вашите потреби?

…. дискусијата „Бренд компјутери vs склопување компоненти“ продолжува на форум.

1 коментар на “Брендирани компјутери vs склопување компоненти

  1. Hmm it appears like your website ate my initial comment (it absolutely was super long) so I assume I’ll just add it up what I wrote and say, I’m completely enjoying your blog. I too am an aspiring blog blogger but I’m still new to everything. Do you have any useful hints for rookie blog writers? I’d genuinely appreciate it.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии