Бредли Менинг се соочува со доживотен затвор и можна смртна казна

Бредли Менинг во моментов е во самица во која, до сега, помина 10 месеци откако беше уапсен со обвинение дека доставил доверливи документи до Wikileaks кои подоцна ги објавија истите. Материјалот за кој Манинг е обвинет се видеото од „колатералното убиство“, документи за војната во Авганистан и Ирак, како и дипломатските документи.

Според адвокатот на Менинг, Дејвид Комбс, обвинувањето за „помагање на непријателот“ значи и предавање информации на непријателот кој може да биде непријателска војска или цивил, во овој случај Wikileaks.

Другите нови обвинувања се: една спецификација за дозволување да се објават доверливи документи без сознание на војската, пет обвинување за кражба на јавни документи, осум за споделување војни информации, две за измама и поврзана компјутерска активност… со што против Манинг има вкупно 34 обвинувања.

Судењето кога на Манинг ќе му се одреди казната е закажано за крај на мај/почеток на јуни.

Во меѓувреме има протести и истрага од Обединетите нации за начинот на кој се држи Манинг во самица 23 часа на ден. Американските власти велат дека го чуваат во самица и го набљудуваат постојано бидејќи мислат дека може да се повреди или самоубие.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии