Бредли Менинг сака да го промени полот

Од денес викајте ме Челзи, вели изворот на Wikileaks, Бредли Менинг. Американскиот војник кој пред еден ден беше осуден на 35 години затвор за шпионажа и откривање на доверливи тајни, рече дека сака да започне со хормонска терапија и да продолжи да живее како жена „во новата фаза од мојот живот“.

„Би замолил од денеска да ми се обраќате со моето ново име и да ме ословувате како жена.“, вели Менинг во соопштение испратено преку неговиот адвокат до NBC. „Јас сум Челзи Менинг. Јас сум жена. Бидејќи се чуствувам така, и се чуствувам така уште од детството, би сакал да почна со хормонска терапија колку што е можно побрзо“.

Покрај соопштението за својата трансексуалност, Менинг испрати и писмо до американскиот претседател Барак Обама во кое побара да биде помилуван. Во писмото Менинг објаснува дека иако сака/л да и помогне на својата држава, сепак бил соочен со неморалните активности на војската која ја злопуотребувала својата моќ, која наместо да преземе одговорност за убиствата на цивили, таа ги криела зад маската на национална безбедност и доверливост.

„Разбирам дека моите активности се косат со законот. Жал ми е што ги повредив Американските соединети држави. Не ми беше тоа целта.“, вели дваесет и пет годишниот војник. „Доколку го одбиете моето барање за помилување, ќе си ја одлежам казната знаејќи дека понекогаш треба да се плати висока цена за да се живее во слободно општество“.

3 коментари на “Бредли Менинг сака да го промени полот

    1. Стварно? Пишуваме за Wikileaks и се околу сајтот веќе две години, од „Collateral Murder” видеото, и сега кога има драматичен момент за човекот кој сам ја креираше оваа неверојатна приказна со стотици илјади доверливи документи, ти се нервираш зошто сме пишале? :)) Не мора да ја читаш, се трудиме да има разновидна содржина секој ден.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии