Brainstеr сака да го модернизира образованието прво во Скопје, потоа во Атина, Софија и светот

Brainster е spin-off на WeLrn, првичниот стартап на Петар Ниновски за кој доби инвестиција од CEED клубот на бизнис ангели. Но, ако WeLrn е веб платформа преку која се пренесува знаење со кратки онлајн курсеви, Brainster е нешто комплетно различно, и подобро. Со Brainster Петар излегува во офлајн светот, се фаќа во борба против формалното образование, но со добра идеја. Тој сака да го модернизира образованието така што ќе им понуди на сите да си ги подобрат практичните real-world вештини.

„Постојано се зборува дека на формалното образование му се потребни сериозни промени, но за мене поважно е секој човек да сфати дека нашето знаење зависи од нас самите и дека никогаш не треба да престанеме да учиме“, вели Петар.

За него, неговите пријатели и сите нас, формалното образование ни дава само основа на знаењето. Насока по која се движиме. Но, за да станеме подобри тоа знаење мора да се усовршува. И тука Петар планира да се вмеша со Braister. Тоj ќе понуди платформа преку која ќе се пренесува знаењето преку кратки, практични курсеви. Тие курсеви можат да се одржат на разни места, разни градови, и разни држави. Иако сите напори се вложуваат Brainster првин да стартува во Скопје, Петар веќе има понуда од грчки акцелератор да ја преземат платформата и да ја адаптираат за Атина од 2016-та година. Планот е потоа да се шири во Софија и Берлин, со конечен план да се прошири во глобална заедница.

„Како што Airbnb го промени начинот на кој ги планираме патувањата, така Brainster ќе го промени начинот на кој учиме. Секој ќе може да научи како да ја изработи својата прва IOS мобилна апликација од локални експерти кои веќе ги продаваат своите апликации глобално, да научи како да започне сопствен бизнис од претприемачи кои во своето портфолио имаат неколку успешни бизниси или да ги научи тајните на уличната фотографија од експерти кои работат за познати светски медиуми“.


Визијата на Петар „да го претвориме градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент“, е веќе вклопена во бизнис моделот на Brainster. Секој може да се вклучи, стартува курс и да заработува од едукативната платформа. Инструкторите ќе можат бесплатно да постават курс и условите под кои курсот ќе се одржува, пример, број на слушатели или времетраење. Курсевите можат да бидат од обука за фотографија, програмирање, до готвење. Кратки, практични вештини со кои секој може да се надгради. Слушателите ги одбираат курсевите преку платформата, со можност за попусти и награди за мотивираноста да учат и посетуваат курсеви, а инструкторите ќе се исплатат зависно од интересот за нивниот курс. Brainster како платформа ќе задржи процент.

Освен ова Brainster ќе се посвети и на алтернативен начин на потрага по таленти. Ќе им понуди опција на бизнисите да си изберат курсеви преку кои ќе ги најдат потенцијалните вработени, или ќе им понуди групни курсеви за да се усовршат вработените. „Инструкторите се предизвикани да поставуваат практични курсеви. На голем дел од курсевите ќе бидете во можност да работиш на реални проекти и да решаваш реални проблеми. Замисли какво искуство ќе биде тоа за тебе“, вели тој.

Петар е во право кога вели дека „формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на пазарот на труд“. Но, тука се крие и проблемот на Brainster. Ова е сервис кој може да бидете подобар професионалец, да научите нови вештини, да ве усоврши. Но, пазарот на труд секогаш ќе зависи од формални дипломи за да ве вработи. Brainster ќе мора да се докаже, да биде навистина убедлив во креирање подобри кадри за биде прифатен од работодавачите.

7 коментари на “Brainstеr сака да го модернизира образованието прво во Скопје, потоа во Атина, Софија и светот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии