Божиќниот твит на Нил ДеГрас Тајсон ги разгневи христијаните

Божиќниот твит на Нил ДеГрас Тајсон повторно ги разгори страстите на верниците. Овој пат твитот е споделен над 75.000 пати, што е своевиден рекорд за познатиот астрофизичар. Станува збор за твит во кој тој зборува за човек роден на 25 декември кој го промени светот пред да наполни 30 години, но не станува збор за Исус Христос, туку за Исак Њутон.

„Ми се чини дека ретвитањата, не се поради тоа што е споделен мојот ентузијазмот, туку затоа што на твитот се гледа како анти-христијански. Доколку некој сака да изрази анти-христијанство, верувам дека роденденот на Исак Њутн нема да биде на листата“, објасни подоцна на својот Facebook профил.

Претходно креационистите го напаѓаа бидејќи во серијалот Cosmos немаше презентирање на нивниот став, туку беше претставена единствено еволуцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии