Boxopus ви ги симнува торент фајловите директно во Dropbox

Boxopus е сервис кој овозможува да симнувате торент фајлови директно во вашиот Dropbox oблак. Сервисот ги користи API-jaта на Dropbox, и откако ќе ги поврзете двата сервиси преку Dropbox профилот, и додадете торент фајлови, Boxopus ќе започне да ги симнува во фолдер. Може да закачуте колку сакате торент фајлови без потреба од битторент клиент, но просторот ќе мора да го менаџирате подобро бидејќи Dropbox си има одреден лимит.

„Складирање во облакот е нов тренд, и очигледно е дека наскоро или подоцна сите ќе бидат на облакот.“, вели Boxopus за TorrentFreak.

Сервисот е добра алатка, но може да наиде на проблем бидејќи како и секој торент сервис поголем дел од корисниците ќе го користат за пиратеријата. Можност е Dropbox да се најде под притисок од анти-пиратските групи, и со цел да си го зачува својот успешен бизнис, имаат над 50 милиони корисници, да се реши да го блокира.

Во моментов Boxopust ќе остане комплетно бесплатен додека трае бета тестирањето, но подоцна можно е да се наплаќа.

1 коментар на “Boxopus ви ги симнува торент фајловите директно во Dropbox

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии