Ботовите владеат со Интернетот, или барем со 56 отсто од севкупниот сообраќај

Ботовите се заслужни за 56 отсто од целокупниот интернет сообраќај во 2014 година, пренесе Quartz, повикувајќи се на анализата на Incapsula. Станува збор за софтверски програми кои ги автоматизираат веб активностите.

Еве ја листата на Quartz која ќе ви објасни за што за користат ботовите, зошто се потребни, но и зошто некои од нив се застрашувачки и опасни:

  • Search engine crawler – индексираат веб страни што овозможува понатамошно едноставно пребарување;
  • RSS bot – проверува и собира новитети од сајтови и блогови кои понатаму можат да се споделат;
  • Scrapers – креирани за крадење и дуплирање на содржини, токму поради ови ботови дел од содржините од еминенти сајтови редовно и брзо се појавуваат на непознати сајтови. Покрај ова можат да се користат и за откривање на имејл адреси;
  • Spy bot – го прави токму она што го кажува името, постојано ги следи промените на конкурентните сајтови и ги известува сопствениците;
  • Impersonator bot – Станува збор за ботови кои се одговорни за четвртина од вкупниот бот-сообраќај и воопшто не се наивни. Можат да се маскираат, да добијат пристап до сајтови, да пребаруваат за безбедносни пропусти. Ова се ботовите кои се користат за DoS напади;

Неодамна Instagram избриша милиони бот профили кои се претставуваа како луѓешто е дополнителен и поинаков проблем пред се за рекламирањето. Практично непознавање на бројот на луѓе на кои им се нудат рекламите, прави интернет рекламирањето да биде недоверливо, според информациите се претпоставува дека 25 отсто од интеракциите отпаѓа на ботови, а не сите се заинтересирани да ги отстранат своите бот-корисници плашејќи се од намален сообраќај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии