Boston Dynamics започна со достава на пакети со роботи

Дејан Соколоски

во Свет

Една од најперспективните компани, барем кога роботите се во прашање, Boston Dynamics, започнува со достава со роботи. Компанијата започна како соработник на DARPA, но веќе неколку години се дел од Alphabet (Google). Оттогаш компанијата ги заврши договорните проекти со војската и ја прекина секоја соработка на воена технологија.

Новиот проект е достава со роботите кои војската ги користи за носење на дополнителен товар и опрема. Ова на TED го потврди Марк Раиберт, основач на компанијaта. Ова е една од идеите со кои компанијата ќе се обиде да ги придобие своите идни корисници.

Без сомневање во моментов нема причини поради кои корисникот би купил робот за секојдневна употреба. Секако, тука се роботите кои се користат во магацините, но кога обичните купувачи се во прашање, нема интерес.

Поради ова Boston Dynamics започна на своите вработени да им дозволува да ги земаат роботите и дома. Во овој период тие можат и да пронајдат нови примени кои потоа би можеле и да им ги понудат на следните купвачи, јави Recode.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии