Босна и Херцеговина vs. Google Maps

Босна и Херцеговина е на Google Maps, но ако се обидете да зумирате, пример на Сараево, нема да добиете мапа. Ќе добиете само бела позадина со имe на градот и име на најблискиот автопат. За споредба ако зумирате врз Демир Хисар, кој е најмал град во Македонија ќе добиете мапа од гратчето со мапирани улици и објекти.

„Забележуваме дека сме и овој пат изоставени, подобро кажано занемарени и не смо земени во предвд за мапирање на Google Maps. Тука е уште и понижувачкиот факт дека ситуацијата околу нас, кај нашите соседи, Хрватска, Србија, Црна Гора е многу подобра. Сите се скоро целосно мапирани, односно кај нив стигнуваат патници од странство, туристи, возачи, екскурзии, истражувачи и многу други.“, забележува изреволтираниот Един Ковачевиќ од босански ИТ блог Tehnografija.net.

Според него, срамота е за Google да се фали на својот блог дека помогнале да се мапира од „Авганистан до Антартик“, а при тоа да се изостави една европска земја.

Вака изгледаат градовите од Источна Азија пред и после мапирањето со Google Map Maker. Map Maker е сервис кој овозможува на корисниците сами да мапираат градови. За жал Босна и Херцеговина нема пристап до Map Maker.

Босанското Министерсво за комуникација во септември испрати писмо до Google, а интернет гигантот во официјална дискусија побара од корисниците да се изјаснат за ситуацијата со Босна и Херцеговина, откако форумот на Google Map Maker беше прелавен со коментари. Според кратките информации на темата од Google, овозможувањето на Map Maker за одредена земја зависи од законите и регулации од таа земја, а тоа може да потрае.

За разлика од Google Maps, слободната мапа OpenStreetMap има деталнa мапa за поголемите места во Босна и Херцеговина.

Тука, на „романтичен начин“, саркастично вели Tehnografija.net, може да ги видите сите места кои се мапираат во реално време преку Map Maker.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии