Спонзориран текст

Борис Ристов: Споделувањето знаење е клучно во ИТ-индустријата

Тој има долгогодишно искуство во ИТ секторот во полето на програмирањето и во овој разговор открива дека и понатаму ќе продолжи да прифаќа нови предизвици како дел од својата кариера во „Ендава“.


Борис Ристов ја започнал својата кариера како програмер. Тој во оваа област отсекогаш гледал предизвик, но по извесно време како сениор програмер, решил да прифати уште еден, овој пат во полето на агилните технологии. Оттука, благодарение на можностите што му биле пружени во „Ендава“, продолжил и неговиот забележителен напредок во кариерата.

– Кога се придружив на тимот во Скопје почнав да работам како сениор програмер. Имав прилика да се вклучам во проект за најголемиот клиент на „Ендава“ и научив многу од тоа искуство. Бев Lead Developer и ScrumMaster за моите тимови. Потоа постепено почнав да се фокусирам и да го проширувам своето знаење на полето на агилните процеси. Така, всушност, целосно се ориентирав кон позицијата Scrum Master и Agile Coach којшто им помага на тимовите и на организациите да ја прифатат агилната методологија – открива Ристов.

Долгогодишното искуство во ИТ секторот, на Борис му помогнало да препознае нов и соодветен предизвик за неговата кариера.

– Се изненадив колку многу „Ендава“ вложува во своите вработени, во програми за лидерство, за квалитет на кодирање, во тренинзи и во работилници. Сакав да бидам дел од компанија во која што ќе добијам многу предизвици, но во исто време, и вистинско ниво на поддршка. Во многу прилики, „Ендава“ се докажа како таква компанија. Токму на тој начин напредував од програмер во Scrum Master и сега во Agile Coach којшто работи како Agile Transformation Lead за едно од најголемите имиња во осигурителната индустрија во Велика Британија.

Борис досега престојуваше работно три месеци во Англија, а ќе продолжи да патува и понатаму во Лондон. Тој открива дека ова искуство, покрај тоа што значително му го подобрило начинот на којшто тој пристапува кон проектите, му помогнало и во неговите вештини за директна комуникација со клиентите.

Може да биде навистина напорно толку долго време да се работи заедно со клиентот, но со мене беше одличен тим со којшто научив многу работи. Можам дури да кажам дека сега сум подготвен за уште поголеми предизвици во иднина – истакнува Ристов.

Пред неколку месеци Борис стана првиот член од македонскиот тим на „Ендава“ којшто работи како лидер на проект за агилна трансформација на глобално ниво. Тој вели дека од почетокот до сега напредокот е одличен.

– Успеавме да ја процениме агилната зрелост на клиентот и да создадеме план со којшто цела организација ќе се адаптира на агилниот начин на работа. Ова е проект на којшто соработувам со колеги од Британија, Молдавија и од Романија. Сите работиме на различни аспекти, но сите имаме иста цел – да му помогнеме на клиентот да ја трансформира својата традиционална работна средина во агилна – потенцира Ристов.

Тој вели дека, во суштина, во секој проект за агилна трансформација, тие ја идентификуваат, дефинираат и ја имплементираат мешавината од процеси, технологии и култури која што ги зближува тимовите од развојните, оперативни и бизнис сектори. Тоа на клиентите им овозможува побрзо да испорачуваат производи, поефикасно да одговараат на барањата и да го зајакнат квалитетот за корисниците.

– Нашиот пристап ја комбинира транзицијата на агилните работни методи со практичната испорака предводена од инженери. Тоа резултира со мотивирани и ентузијастични вработени, кои што целосно се вклучени во трансформацијата на организацијата. Консултациите, тренинзите и обуките ги извршуваат членови на „Ендава“ коишто, исто така, со клиентите работат и на нивните проекти за испорака. На тој начин се докажува ефективноста на овој пристап и тој служи како катализатор за промена веднаш штом придобивките станат очигледни.

Борис беше еден од предавачите на првиот настан од серијалот Tech Flow што „Ендава“ го организира и во чии рамки во иднина ќе има дополнителни собири.

– Одлично беше да се презентира пред колегите, но и пред претставници на ИТ-секторот, како и да се слушнат нивните прашања и мислења. Добив пофалби за конференцијата и од луѓе од други компании коишто изразија желба и да учествуваат на следната. Навистина е значајно да се споделува знаењето и да се учи од другите, особено од ИТ-индустријата и верувам дека ваквите настани треба да станат секојдневие во Македонија – истакнува Ристов.

И покрај тоа што работните обврски бараат голема посветеност, Борис поминува многу време и со својата ќеркичка:

– Таа се роди додека минатата година бев вклучен во друг значаен проект и сите во мојот тим и во Скопје понудија екстремно силна поддршка. Морам да признаам дека не беше лесно да се привикнам на уште една, нова, ролја во мојот живот која што бара огромна енергија, но уживам секоја секунда во улогата на татко. Ја сакам мојата професија на Scrum Master и на Agile Coach, но исто така и не можам да дочекам да дојдам дома и да продолжам со најбитната задача – растењето на мојата ќерка.

Општествената одговорност е област во која што „Ендава“ е мошне активна, а Борис е горд на тие активности, особено на играта што ја развиле за децата со посебни потреби.

– Голем број луѓе беа вклучени во тој проект и сите со задоволство придонесоа во комплетирањето.

Промената очигледно е интегрален дел од животот на Борис, но кога ќе го запрашате каде се гледа себеси за пет години тој вели дека, како што поминува времето, заклучува дека постојано го менува и одговорот.

– Ако пред две години ми беше поставено истото прашање, веројатно ќе кажев дека се гледам себеси како Design lead или Development Consultant.Сега, пак, работејќи одблизу со клиентите и помагајќи им да ги подобрат своите услуги за испорака со агилната методологија, би рекол дека за пет години се гледам како Delivery Manager којшто работисо Agile Delivery teams на повеќе проекти за клиентите.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на маркетинг агенцијата на Endava. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии