#бомба: Заев вели дека се следи и имејл комуникацијата

Новата #бомба од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, можеби беше посветена на политичките реваншизми со рушењето на објектот „Космос“, но тоа што беше интересно за нас, е што на новинарско прашање, г. Заев потврди дека има докази дека е следена и имејл комуникацијата, иако не сподели повеќе детали за нешто што звучи доста сериозно.

И претходно се пишуваше дека во Македонија постои шпионски сервер на FinFisher, иако за што и како се користи останува мистерија, како и изјавата на г. Заев. Но, самата помисла е застрашувачка бидејќи за разлика од разговор преку мобилен телефон, кој може да трае неколку минути, на компјутер пред интернет поминуваме неколку часа дневно, дали заради работа или забава, сеедно. Ако преку телефон може да ви се дознаат намерите, преку следење на интернет активност, некој, поточно разузнавачките служби, ги следат сите ваши навики, лични интереси, желби и срамови.

Доколку изјавата на г. Заев е точна, дека има докази за следење на имејл комуникацијата, иако ова треба да се земе со резерва бидејќи засега не се објавени доказите за таквото следење, ниту беа споменати повеќе детали; тогаш имаме малку посериозен проблем во Македонија отколку со досегашните снимки од мобилни телефони. Колку може да се следи и колку од тие податоци се зачувани? Иако најголемото прашање е како се следи таа имејл комуникација, и дали се прави тоа со странски имејл клиенти, или преку локални сервиси и кои?

4 коментари на “#бомба: Заев вели дека се следи и имејл комуникацијата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии