#бомба: Заев ги обвини МВР и УБК за нелегално прислушување

Во нова 27-ма #бомба се откриваат нови детали за прислушувањето на граѓаните. Според наводните докази кои ги покажа претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, зад нелегалното прислушување стои Министерството за внатрешни работи (МВР), односно Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Г. Заев вели дека има материјали кои наводно откриваат дека македонските власти следеле 12.000 телефонски броеви кои опфатиле 20.000 граѓани, опозициски политичари, критичари на власта и соработници на власта. Има 100.000 разговори и 18.000 SMS пораки, кои СДСМ ги достави до Јавното обвинителство. Најавено е дека ќе има уште документи, чија автентичност ќе треба да ја докаже првин судот, пред да се започне со процесот за нелегалното прислушување.

Според еден објавен видео запис, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вели дека УБК има опрема за да лоцира било кој телефон, а во конкретниот пример се работи за изгубен iPhone. Во други десетина аудио снимки се води дискусија за како да се намали контролата врз УБК, и како во Законот за следење на комуникации да се изостави член за да мора комисијата за надзор на УБК да се најавува кога ќе дојде, и тие инспекции да бидат ограничени. Во друга снимка, пак, директорот на УБК, Сашо Мијалков, вели „дајте ми го бројот и името“ за да провери одредена личност.

Според материјали што го објави г. Заев, УБК наводно ја злоупотребувала опремата за следење на комуникациите за лични и партиски цели, и овие документи не можат да бидат класифицирани, бидејќи прислушувањето е нелегално. Тој објави Excel табели во кои е водена евиденција на прислушуваните, кои биле наведени под псевдоними, пример Бранко Црвенковски е „Крст“, Зоран Заев е „Зеко“ итн.

9 коментари на “#бомба: Заев ги обвини МВР и УБК за нелегално прислушување

  1. Oва е сајт за технологии, не за политика. Гледајте на веста малку од технолошки аспект. Како да се заштитите од тие прислушкувања, доколку нормално имате потреба.

    1. На 39:45 вели дека има 12.000 телефонски броеви кои се следеле (и додава над 20.000 граѓани, иако тоа не го пишувам бидејќи не е звучи можно со 12.000 броеви)

      1. da de da si pisuvas sto sakas i ti si odlucuvas sto treba da napises… ajde sega kazi posteno kolku kes ti dade soros za ovaa ama posteno… neli vistinata pred se Dano a?

      2. А ти шо ќе праиш, кој ќе ти дава плата, кога Мијалков и Груевски ќе лежат у затвор, а? Македонија пред се!

      3. И тука ли ве има бе, тој сорос го направивте ко да е којзнае што, најголем странски инвеститор, финансира цела Македонија, бедови. Убаво ти кажа да не му веруваш, преслушај ги материјалите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии