#бомба: Властите прислушувале стотина новинари, обвини Заев

Македонските власти, поточно Управата за безбедност и контроразузнавање води куп досиеја за стотина македонски новинари кои се критични кон власта, а меѓу нив е и покојниот уредник на Фокус, Никола Младенов, за кој УБК има посебно досие, обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во новата #бомба.

Сомнежите се покажаа како точни, бидејќи уште од самите почетоци на таканаречената бомба со прислушувани снимки, беше најавено дека има 20.000 граѓани меѓу кои политичари и новинари. Meѓу прислушуваните, според г. Заев, се Борјан Јовановски, Биљана Секуловска, Горан Михајловски, Катерина Блажевска, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, Јадранка Костова, Мухамед Зекири, Снежана Лупевска, Насер Селмани, Бранко Героски, Жарко Јордановски…

Но, тоа што е интересно е што новите снимки водени помеѓу уредници на про-владини македонски медиуми и директорот на УБК, Сашо Мијалкови, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, се покажува дека властите се тие што ги нарачуваат прилози. Едноставно не постои независност меѓу новинарите, иако властите сами се обидоа преку Закон за медиуми да ги заштитат новинарите. Уредникот на Сител, Драган Павловиќ – Латас на една од снимките откри дека „седум од 12 вести се нарачки“, иако беше прекоруван од г-ѓа. Јанкуловска дека треба да ги следат наредбите. Има снимка која открива дека медиумите на МПМ ќе бидат преземени за да пласираат пропаганда. Вмешана е и Агенцијата за електронски комуникации преку која се оправдувале пари за патриотски документарци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии