„Болест на допир“ ги зафаќа новите телефони на Apple

Image courtesy of Jessa Jones / YouTube

Трепкачка сива лента најгоре на екранот и екран кој не реагира на допир. Ова е најчестата причина за сервисирање на iPhone 6 и iPhone 6 Plus. Причина за проблемот е пропуст во дизајнот. Новите телефони се потенки и пофлексибилни, а областа која е најпогодена од виткањето е местото каде се наоѓаат и контролерите за екранот.

„Тенките тела на телефоните повеќе се виткаат од претходните телефони на Apple. Виткањето е токму околу контролерот за допир. Apple го зајакна телефонот со iPhone 6 и iPhone 6S, па овој пропуст сега е поправен.“, објаснува Џеса Џонс, експерт за микро-лем.

Со оглед на тоа дека стaнува збор за системски превид, очекувано бројот на телефони кој го „посетуваат“ сервисот е огромен. Дел од сервисерите велат дека понекогаш добиваат стотина iPhone-и неделно со истиот пропуст.

„Со текот на времето и со нормална работа, во лежиштето на чипот за контролата на екранот на допир ќе се направи микро-процеп. На почеток нема да изгледа како дефект, потоа екранот нема да реагира, но брзо ќе се враќа назад. Конечно, со проширување на процепот, периодите на нереагирање ќе стануваат почести, сѐ додека не станат и потполно неупотребливи“.

is-broken

Image: mendonipadrehab.com

За среќа корисниците можат да го поправат телефонот доколку го однесат на сервис кој ќе постави нови чипови, на место на испуканите.

Проблемот е што корисниците на Apple телефоните, велат дека во продавниците на компаниаата добиваат совети да ја направат поправката на друго место. Најголем дел од iPhone 6  и iPhone 6 Plus телефоните веќе не се под гаранција, па трошоците за поправка во целост паѓаат на сопственикот.

Со оглед на бројот на поправки, а и на цената на телефоните, Apple би морал да го признае пропустот и да признаат дека е грешка во дизајнот, што за нив како компанија ќе резултира во несакани последици.

Повеќе податоци за пропустот со екранот на допир може да прочитате на блогот на iFixit.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии