Најновиот експеримент на Google Arts & Culture нѝ дозволува да пробаме да се ставиме во чевлите на најголемите уметници и да им дадеме малку поразличен визуелен белег на нивните дела.
Имено, по посетување на сајтот, можеме да одбереме црно-бела фотографија и да потоа да ја обоиме онака како што ние сакаме. Интересно е тоа што нема да најдете само слики од уметници како Винсент ван Гог или Илејн де Кунинг, туку и од најразлични обележја од Street View. Едноставно одберете ја саканата боја од лентата од долната страна со сликање и започнете со боењето. Текстурите автоматски се наметнуваат по апликација на бојата. Процесот е крајно професионален и се доаѓа до задоволителни резултати.

Подоцна, можете да го преземете, односно споделите вашето ремек дело, како и да испринтате PDF боенка заедно со најразлични предизвици како влечење линии од точка до точка за да се добие форма или лавиринти.
