Боење фолдери за полесно идентификување

Сите оние кои што работат со бројни фајлови распространети низ уште поголем број фолдери секојдневно се сретнуваат со потешкотии. Инстантното идентификување на саканиот фолдер знае да проблематично, особено доколку сте во трка со времето.

Folder Painter е бесплатна алатка која ви помага побрзо да го идентификувате саканиот фолдер преку визуелна сигнализација. Имено, најчесто отвораните фолдери можете да ги „обоите“ за да можете полесно да ги пронајдете наредниот пат кога ќе ви притребаат. Авторите на алатката објаснуваат дека со апликацијата можете да назначите најразлични бои на најчесто користените фолдери. Па така, фолдерот со финансиски документи може да биде зелен, а фолдерот со итни работи – црвен. На овој начин, не мора да лутате со очите низ морето од фолдери и веднаш можете да ја идентификувате саканата боја.

За да го користите Folder Painter, покренете го претходно преземаниот фајл и изберете пакет со икони. По завршената инсталација, алатката се вдомува во контекстното мени и за да смените некој фолдер, десен клик на него, па Change Folder Icon. Од тука можете да изберете некоја друга боја.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии