1 коментар 1 мин. читање

BOB RG 42 е нова македонска игра која ќе се продава на Steam

Правата игра на битолското студио Karton Games, BOB RG 42, ги исполни условите на Steam Greenlight и ќе биде може да се продава на најголемата дигитална продавница за игри. По Excubitor и Raining Blobs кои го пробија мразот на Steam, BOB RG 42 ќе биде нова игра, која овој пат доаѓа од битолскиот Game Developers Hive. Засега е рано да зборуваме за датата кога играта и официјално ќе биде достапна, но навремено ќе ве известиме.

Karton Games e студио креирано од Ферди Јајаи и Никола Ванчоски, 20 годишни ентузијасти и развивачи на видеоигри. На Никола и на Ферди ова им е прва игра која ја презентираат на Steam. Во играта главна улога има астронаутот Боб, кој мора да собере ретки материјали од астероидите, но и да се одбранат од домородците кои ги чуваат овие материјали.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top