Блокирајте пристап до интернет на Android апликации со NetGuard

Мартин Јованчевски

во Вести, Софтвер

За многумина, интернетот и понатаму останува луксуз. Ова тешко се разбира од многубројните апликации кои деноноќно и неуморно трошат ресурси без ваша дозвола. Во случај да имате Android телефон, лесно ќе можете да им го отсечете пристапот на поголемиот број апликации.

Она што првин можете да направите е да пребарате app data usage во Settings. Од листата со апликации можете да ја одберете онаа алатка на која сакате да ѝ го отсечете пристапот и да ја исклучите опцијата за Background data. Имајте во предвид дека апликацијата повторно ќе троши интернет доколку ја користите.

Како втора опција, би можеле да размислите за вклучување Data Saver. Додека оваа опција е вклучена апликациите и сајтовите нема да користат интернет да преземаат (мултимедијални) фајлови, како и надополнувања. Опцијата обично се наоѓа во Settings, па Network and Internet.

Или, користете дополнителна алатка како NetGuard. Со оваа алатка добивате листа од сите апликации за кои можете да отсечете пристап (Wi-Fi или Mobile Data). На располагање имате и исклучоци за користење интернет во одредени ситуации, како кога екранот е отклучен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии