Блокирајте наметливи реклами со AdBlock Plus

AdBlock Plus е екстензија која е достапна за најчесто користените прелистувачи. Покрај титаните како Chrome, Firefox, и Internet Explorer, експанзијата ќе ви излезе во предвид и за прелистувачите Safari, Edge (beta), Opera, Maxthon, Yandex Browser. Примарната цел е да блокира пласирање на реклами кои значително го загрозуваат искуството на сајтовите. На тој начин, не само што се подобрува видливоста, туку и се забрзува целото искуство.

Но, дали е ова добра работа?

Од една страна, посетувањето сајтови знае да биде значително попријатно, но, со блокирање на рекламите, најверојатно го отсекувате единствениот извор за создавање профит на сајтот. Поради тоа, AdBlock Plus ќе ви дозволи да ги ставите вашите омилени сајтови на белата листа и да им дозволите да прикажуваат реклами, како би можеле да остварат одредена заработка. И самиот AdBlock Plus печали на интересен начин. Имено, ектензијата дозволува да се прикажуваат одредени реклами кои не ги загрозуваат правилата за прифатливи реклами и, со таквото прикажување извлекува 30% од заработките. Нормално, доколку сакате и таквите реклами да ги блокирате, кликнете во ABP менито, па преку запчаничето изберете Advanced. Најдете Filter Lists и дештиклирајте ја опцијата Allow non-intrusive advertising.

Иако повеќето сајтови оставаат на вас да се развие свеста за позитивната страна на рекламите, други сајтови агресивно се борат против можностите на AdBlock Plus и, доколку го детектираат, ќе почнат да бараат да им платите за вакво непречено искуство, или пак да ја деактивирате екстензијата. Ни Google не седи со скрстени раце и неодамна објави дека ќе се воведат промени кои значително ќе ја забрзаат работата на екстензиите. Доколку дојде до ова, многумина претпоставуваат дека екстензиите како AdBlock Plus ќе престанат да работат. Ова, меѓутоа, само ќе допринесе засегнатата група да се префрли на алтернативен прелистувач.

1 коментар на “Блокирајте наметливи реклами со AdBlock Plus

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии