Блокирајте ги иритирачките пораки со колачиња со Hush Nag Blocker

Секојпат кога ќе посетите некој сајт по прв пат преку вашиот прелистувач Safari, добивате известување за тоа што се колачиња, информации околу вашата приватност и дали се согласувате да дозволите нивно вдомување или не.

Точно е дека е само секунда работа за да се среди ова, но постапката знае да здосади или иритира кога често посетувате и откривате нови сајтови, особено во оние ситуации кога таквото известување може да заземе третина од вашиот екран.

Hush: App blockiert Cookie-, Daten- und Newsletter-Abfragen ›  iphone-ticker.de

Hush Nag Blocker е екстензија за прелистувачот Safari. Со неа, автоматски се блокираат таквите известувања и воошто не им се дозволува да се прикажуваат при посета на нови сајтови. Преземете ја тука, а за да ја активирате, упатете се кон Settings, па Safari, па Content Blockers, и вклучете го Hush.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии