Поранешниот директор на Агрокор на својот блог ги објаснува настаните поврзани со падот на компанијата

Поранешниот директор на најголемата хрватска компанија Агрокор, Ивица Тодориќ, поточно неговиот блог е една од главните вести на медиумите во Хрватска.

Причината за ова е изненадувачката посета на блогот, кој за еден ден стигна од 0 на 180.000 посетители. Секако причината за оваа посетеност е интересот за случувањата со Агрокор. Поточно, интересот е за лошата финансиска состојба на компанијата која сега може да ги уништи сите земјоделци од регионот.

Г. Тодориќ на својот блог објавува дел од историјата и настаните поврзани со падот на компанијата. Поважно, иако овие податоци може да се споделуваат и на друштвените мрежи, блогот е поинаква платформа. На него нема простор за потпрашања и одговори и авторот го диктира и наративот, вели Netokracija.

„Над 180.000 посети на веб-страницата ivicatodorovic.hr за само 24 часа е најдобар показател за Вашиот интерес за настаните поврзани со Агрокор. Во следните денови низ објави на овој блог ќе се обидам на сите заинтересирани читатели да им овозможам увид во што е можно поквалитетни анализи и заклучоци. Фактите кои ќе ги изнесам, надлежните институции во Хрватска може да ги проверат за неколку дена“, пишува г. Тодоровиќ.

Можеби подеднакво важно за изборот на блог како медиум за споделување на информациите е можноста за подолготрајна релевантност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии