Blizzcon 2011: На кратко за Blizzard's DOTA, Diablo 3 и Starcraft 2

Освен четвртата експанзија на популарната World of Warcraft на годинашниов Blizzcon, беа претставени и Blizzards DOTA, Diablo 3 и вториот дел на Starcraft 2: Hearth of the Swarm.

Дискутабилно најпријатното изненадување на Blizzcon годинава најверојатно е DOTA 2 верзијата на Blizzard. Со едноставен наслов Blizzard’s DOTA. Со оглед на тоа дека едвај помина еден месец откако објавија дека целосно ќе го ресетираат дотогаш сработеното а веќе се во бета фаза мора да се признае дека прилично се брзи. За сите кои се фанови на игрите кои ги направиле, или барем на хероите од овие игри, Blizzard ќе внесе голем број на своите „епски“ карактери од игрите. Ќе ги има Трал, Артас, Силванас, Нова, Мурадин, Заратил и многу други. Уште една добра вест е што и покрај тоа што играта ќе го користи енџинот на Starcraft II, и сепак е мод на играта кој е изработен од Blizzard и оваа верзија на DOTA ќе биде бесплатна.

И според официјалната најава Diablo 3 единствено ќе може да ја играте додека сте онлајн, ова е малку чудно бидејќи 66% од испитаниците на PCworld, одговориле дека се бесни поради ова (до слична бројка стигна и нашата анкета односно на 67% од испитаниците не им се допаѓа новата заштита на Diablo). Сепак ако сте претплатници на World of Warcraft, можете оваа игра да ја добиете и бесплатно заедно со едногодишната претплата на WoW. Една од најавите е и дека Diablo 3 ќе биде мултиплеер, ова е посебно изразено на потешките сетинзи на играта, каде ќе биде неопходно групирање со останатие играчи. Датата на излегување е сè уште е непозната и најверојатно нема да има верзија на играта за конзоли. Конечно како специјална најава е објавен и ново видео за играта.

Презентерите на Starcraft 2, се задржија главно на презентации на единици кои ќе се појават во експанзијата, како и делови од кампањата. Сепак изгледа дека играта е сè уште во рана фаза или презентерите не сакаа да откријат премногу податоци за играта. На фановите на играта им е најавено дека најверојатно ќе можат да го видат крајот на приказната за Kerrigan и делови од приказнаа на Zerathul. Импозанто изгледа и видеото кое според зборовите на презентерите е целосно рендерирано од Starcraft 2 енџинот.

2 коментари на “Blizzcon 2011: На кратко за Blizzard's DOTA, Diablo 3 и Starcraft 2

  1. Гадно ги заебаа Valve со ова DOTA. Повеќе ми се допаќа природата на близардовата дота, ама по патот гледам има нешто ко плочки кој се огрдват, а и во базата ко да има исто така плочки. И зградите мислам требаше да си останат онакви антички а не вака како од sci-fi.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии