Blizzard повторно таргет на DDoS напад

Вчера, одредени игри на Blizzard Entertainment повторно имаа проблеми при воспоставување конекција, како резултат на уште еден DDoS напад врз компанијата.

„Моментално го надгледуваме DDOS нападот врз нашата мрежа“, објаснува твитот од BlizzardCS и додава дека како резултат на тоа нивните игри страдаат со проблеми при конектирање.

Blizzard не објасни кои од нивните игри се засегнати од нападот, но уште еден друг твит потврди дека и нивните сајтови и форуми се соочуваат со потешкотии во прикажување на содржините.

Ова е трет, поозбилен напад врз компанијата која ни ги донесе игрите Warcraft, Diablo, Starcraft, а од неодамна и Overwatch. Првиот напад се случи во април, а за него презедоа одговорност хакерите од Lizard Squad. Вториот напад се случи на почетокот на месецот август, а за него, ниедна група сеуште нема преземено одговорност.

Нападот од 23 август се случи на последниот ден од серијалот летни игри за играта Overwatch.

До моментот на објавување на овој текст, иако Blizzard на Twitter објави информација дека потешкотиите се решени два часа по објавување на првиот твит, голем број на корисници од целиот свет уште се жалат на проблеми.

Според шпекулациите, зад нападот стои хакерската група PoodleCorp.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии