Blizzard потпиша ексклузивен е-спорт договор со Twitch

Дејан Соколоски

во гејминг

Фановите на Overwatch и Hearthstone ќе можат да ги гледаат турнирите во овие игри ексклузивно на Twitch Prime. Blizzard и Twitch потпишаа ексклузивен договор со кој видеоигрите на Blizzard ќе бидат достапни на најголемата гејминг мрежа. Договорот важи за сите игри на компанијата, а првите содржини ќе биде достапни од 2018 година.

Во договорот се опфатени сите игри на компанијaта од StarCraft до Heroes of the Storm. Игрите на Blizzard се едни од најиграните, но кога е-спортот е во прашање, сепак се далеку зад League of Legends, Dota 2 и Counter Strike. Процената е дека во 2020 година е-спортот ќе вреди 1.5 милијарди долари. Blizzard сака дел од оваа заработка, па ќе се обиде со овој договор да ја зголеми популарноста на нивните игри во еспортот.

Еве ја листата на турнири кои ќе бидат достапни на Twitch, која ја пренесе Venturebeat:

  • Heroes of the Storm Global Championship (HGC)
  • StarCraft II World Championship Series (WCS Circuit)
  • Hearthstone Championship Tour (HCT)
  • Hearthstone Global Games (HGG)
  • World of Warcraft Arena Championship
  • Overwatch APEX League
  • Overwatch Premier Series

Игрите на Blizzard и досега се едни од најгледаните на платформата. Overwatch, Hearthstone и World of Warcraft се во топ 10 листата. Преплатниците на Twitch Prime за својата верност кон платформата ќе добијат специјални награди од Blizzard, пример „lootbox“ за Overwatch.