Гејмерот Робин Вилијамс ќе добие NPC лик во World of Warcraft

Blizzard ќе му оддаде признание на Робин Вилјамс, еден од комичарите кој можеше да насмее секого.Актерот кој ненадајно не напушти, беше страствен играч на World of Warcraft, па играчите започнаа петиција со која бараат простор за г. Вилијамс во играта. За 24 часа петицијата ја потпишаа 11.000 подржувачи кои побараа NPC лик „кој ќе биде споменик за актерот“.

Не помина премногу, а Blizzard им одговорија на фановите дека „Се уште не сме одлучиле, но нјаверојатно ќе биде карактер кој ќе биде инспириран од него или од неговите омилени улоги во минатото“. Фановите пак бараат г. Вилијамс да биде овековечен во Shattrath во World End Tavern, каде ќе има стендап, ќе кажува вицови и ќе го расположува играчите.

Покрај World of Warcraft, Робин Вилјамс беше љубител и на HALO, Call of Duty, Portal, Legend of Zelda, Half-Life, Warcraft III. Слилна петиција започна и за Nintendo од кого бараат да ја посвети следната Zelda игра на г.Вилијамс. Робин Вилијамс е толкав зависник што имињата на неговите деца се инспирирани од карактери од видео игри, поточно Legend of Zelda и Final Fight.

[youtube]wcZhY_Zo-yg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии