Bless Online стана бесплатна за играње

Играта која ветуваше небо, а испорача кал, стана бесплатна за играње.

За Bless Online се очекуваше да ги обедини сите љубители на ММО игрите и да го издигне овој жанр на следното еволутивно рамниште. Наместо тоа, играта се мачеше со константни и долги прекини, проблеми со балансирање и јазично локализирање, фрустрирачки хакери, недоволно содржини, и спојување сервери. Колку што се сеќаваме, Steam, по прв пат во историјата, понуди да им ги врати парите на сите оние кои се незадоволни од насловот, дури и доколку ја имаат играно играта повеќе од два часа. Процентот на негативни рецензии стана исклучително висок, а играта почна да се нарекува Bless Mess и да се исмејува низ повеќето социјални мрежи.

И покрај сево ова, студиото зад играта, реши да ги стегне забите и да проба да ги исправи повеќето проблеми. Од студиото се изјаснија дека нивната игра не е наслов кој е замислен да понуди профит на пократок временски рок и дека не се така лесно предаваат.

За да ја проверите играта не мора да посегнувате по паричникот, но потребно е да одолеете на бројните микро-трансакции од козметичка вредност, како и животни за јавање. Оние кои ја имаат купено Collector’s Edition ќе добијат доживотна претплата на играта, а сопствениците на сите останати едиции добиваат барем тримесечна бесплатна претплата, како и уникатни изгледи кои се ексклузивни за раниот пристап.

Моментно, Bless Online слави Halloween со соодветни настани и активности, а од 7.ноември, ќе можете да го зголемите левелот на 50 и да се втурнете во нови endgame содржини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии